Достапни линкови

Меркел под притисок на Курц ќе учествува на самитот за мигрантите


Германската канцеларка Ангела Меркел, под притисок на министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер и австрискиот канцелар Себастијан Курц, прифати учество на самит на земјите кои се најпогодени со мигрантскиот бран, објавија западните новински агенции.

Според виенскиот весник „Естерајх“, самитот би можел да се одржи во Виена, иако се уште не е одредено кога и каде ќе биде организиран. Покрај Виена, во игра за организатор на самитот се и Берлин и Рим.

Политиката кон мигрантите на германската канцеларка и нејзиниот австриски колега се разликуваат во голема мера, но не се исклучува можноста да се најде заеднички јазик, коментираат извори на западните агенции.

XS
SM
MD
LG