Достапни линкови

Во воздушни напади убиени над 40 сириски војници


Најмалку 40 војници лојални на сириската влада загинале во воздушните напади изведени во источниот дел на Сирија, во близина на границата со Ирак, соопштина набљудувачките организации, објави германската новинаска агенција ДПА.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија, соопшти дека воздушните напади го погодиле градот Ал Хари.

Сириската државна новинска агенција САНА, повикувајќи се на воен извор, објави дека власта во Сирија за нападот ја обвинува коалицијата предводена од САД.

XS
SM
MD
LG