Достапни линкови

Почна спроведувањето на Договорот за името


Спроведувањето на Договорот треба да почне со донесување закон за негова ратификација

Владата го усвои законот за ратификација на Договорот што вчера беше потпишан со Грција, и го испратила во Собранието, каде треба да биде ратификуван. Со тоа почна постапката за ратификација на Договорот.

Во Собранието пратениците треба да гласаат, а усвојувањето е со обично мнозинство, односно со мнозинство од присутните пратеници. Минимален кворум за работата на законодавниот дом е 61 пратеник, што значи дека 31 треба да гласаат „за“, за договорот биде ратификуван.

Потоа следува негово испраќање до претседателот Иванов, кој има рок од седум дена да го потпише. Доколку Иванов го употреби правото на вето, договорот повторно оди во собраниска процедура, но тогаш ќе мора да биде изгласан со апсолутно мнозинство, 61 пратеник треба да гласа „за“. Договорот во тој случај повторно се испраќа до претседателот, кој според Уставот е обврзан да го потпише.

XS
SM
MD
LG