Достапни линкови

Грците ги кршат стереотипите, сметаат Ципрас и Коѕијас


Грчкиот премиер Алексис Ципрас, коментирајќи ги вчерашните протести во Грција против договор со Македонија, рекол дека „од еден милион демонстранти, бројот се намалил на 100 илјади и сега на четири илјади“, и според него, тоа покажува дека грчкиот народ ги крши стереотипите.

Шефот на грчката дипломатија, по потпишувањето на договорот со Македонија, се сретнал со префектот на областа Западна Македонија, Теодорос Карипидис. Коѕијас, според МИА, коментирашл дека бил мал бројот на демонстрантите и прашал „дали било протест или обид да се спречи потпишувањето на договорот“.

Малиот број демонстранти и за Коѕијас значи кршење на стереотипите во грција по ова прашање, јави МИА од Атина.

XS
SM
MD
LG