Достапни линкови

Турски претседателски кандидат одржа говор од затвор


Кандидатот на претседателските избори во Турција, прокурдскиот лидер Селахатин Демиртас, Анкара, 2015.

Кандидатот на претседателските избори во Турција, прокурдскиот лидер Селахатин Демиртас ги повика гласачите на денот на претседателските и парламентарни избори на 24 јуни, да го запрат „режимот на еден човек“, претседателот Реџеп Таип Ердоган. Лидерот на Турската опозициска Народна демократска партија во десетминутниот говор ја спореди атмосферата во Турција со реклама за филм чии „најстрашни делови се уште не почнеле“. Демиртас е поранешен адвокат, а е приведен во затвор во градот Едрене во 2016 година под обвинување за поврзаност со курдските екстремисти. Тој е кандидат на изборите, бидејќи се уште не е кривично осуден.

XS
SM
MD
LG