Достапни линкови

Силен земјотрес во Осака, има загинати и повредени


земјотрес го погоди јапонскиот град Осака

Се страхува дека неколкумина луѓе загинале во силниот земјотрес што денеска го погоди јапонскиот град Осака во западниот дел на Јапонија. Земјотресот кој бил со сила од 6,1 степени урнал делумно неколку згради и го нарушил сообраќајот во градот. Властите јавија дека нуклеарните реактори во регионот не биле оштетени и оти немало опасност од цунами.

XS
SM
MD
LG