Достапни линкови

МВР: Во насилните протести повредени седум полицајци и приведени 25 лица


Полицијата употреби солзавец и шок-бомби за да ги растера демонстрантите кои протестираа против промена на името пред македонскиот парламент во Скопје

Седум полицајци биле повредени во насилните протести што синоќа се случија пред Собранието на Македонија, соопшти МВР, додавајќи дека биле приведени 25 демонстранти. „Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на вечерашниот јавен протест во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда, истовремено обидувајќи се насилно да влезат во Собранието. Со цел да се спречи ескалирање на ситуацијата и насилен упад во Собранието, а постапувајќи согласно процедурите, полицијата уопотреби солзавец“, соопшти МВР. Министерството потенцира дека го почитува правото на мирен протест, но нема да дозволи употреба на сила и насилен упад, како и нарушување на јавниот ред и мир. Министерството апелира на демократски начин на изразување на јавното мислење. Протестите беа против Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство потпишан денеска во Псарадес.

XS
SM
MD
LG