Достапни линкови

Заев: Затвораме важно прашање со признаен идентитет на македонската нација


Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев, на својот Фејсбук профил, напиша дека силно верува во успех на договорот меѓу Македонија и Грција, бидејќи, како што вели „со јасен и признаен идентитет за посебноста на македонската нација конечно се затвора ова прашање и се отвора иднината за земјата“.

„Оваа Влада на Република Македонија треба да е горда на ова решение. Со оваа одлука испишуваме нова страница во историјата на нашата земја“, напиша Заев.

Владата вчера го усвои и го декласифицираше договорот со Грција насловен „Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста на Времената спогодба од 1995 и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните“.

XS
SM
MD
LG