Достапни линкови

Русија предложи подигнување на старосната граница за пензија


Руската влада реши да ја отфрли долгогодишната табу теба и постепено да ја подигне старосната граница за заминување во пензија. Таа не е менувана веќе 90 години. Годините за пензионирање во Русија беа одредени во 1932 година, во советско време, и никогаш не беа менувани досега. Руската старосна граница за пензионирање е меѓу најниските во светот: 55 години за жени и 60 години за мажи. Дури 30 насто од Русите можат да одат во пензија и порано, благодарение на специјалните услови за многубројни категории вработени. Владата предлага од догодина до 2028 грницата да се подигне на 65 години за мажи и 63 години за жени.

XS
SM
MD
LG