Достапни линкови

Москва ја критикува Норвешка која бара повеќе американски војници


во Норвешка има околу 330 американски маринци

Русија ја критикуваше одлуката на Норвешка да побара од САД да го дуплира бројот на војници распоредени на норвешка територија, на границата со Русија. Пред да стане основачка членка на НАТО во 1949 година Норвешка се обврза, за да ги смири страхувањата на поранешниот Советски сојуз, дека нема да ја отвори својата територија за странски борбени трупи. „Стационирањето американски војници во Норвешка е во спротивност со одлуката од 1949 година и тоа ги потхранува тензиите и води кон дестабилизација на ситуацијата во северна Европа“; се наведува во руската реакција. Сега во Норвешка има околу 330 американски маринци.

XS
SM
MD
LG