Достапни линкови

Исчезнал српскиот новинар кој го истражуваше убиството на Оливер Ивановиќ


Новинарот Цветковиќ на прес-конференција покажа фотографии од лица кои наводно биле вмешани во убиството на политичарот Ивановиќ

Српската полиција распиша потерница за исчезнати лица по новинарот Стефан Цветковиќ откако било пронајдено неговото напуштено возило.

„Во полициската станица во Бела Црква ноќеска е пријавено за паркирано возило марка Поло, на кое била отворена вратата и вклучени светлата“, соопшти МВР на Србија.

За случајот е известено Обвинителството и полицијата по Цветковиќ интензивно се трага, јавуваат српски медиуми.

Цветковиќ работеше на извештаи за убиството на косовскиот политичар Оливер Ивановиќ и во мај оваа година беше задржан на преминот Јариње и спроведен до полициска станица на информативен разговор. Во февруари во Белград одржа прес конференција „Колку чини ликвидација на север на Косово“, и покажа фотографии од лица кои, наводно, биле вмешани во ликвидација на Ивановиќ и изнесе тврдења дека атентатот бил платен 40.000 евра.

XS
SM
MD
LG