Достапни линкови

Иванов во Софија, Борисов ја откажа средбата


Архивска фотографија-претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој од денеска престојува во дводневна посета на Бугарија, нема да се сретне со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.

Како што јавуваат бугарските медиуми тоа е поради вчерашната одлука на претседателот да ја прекине средбата со премиерот Зоран Заев и шефот на дипломатијата Никола Димитров на која му го предадоа договорот за името со Грција и подоцнежното негово обраќање во кое не даде поддршка.

Агенцијата БГНЕС наведува дека на нивното прашање дали Иванов во Софија ќе се сретне со Борисов и Захариева, од Министерството за надворешните работи на Бугарија им одговориле дека средбите се откажани поради тоа што не сакале да се мешаат во внатрешните работи на соседната земја.

“Нашата позициja е принципиелна и е јасна, како и на целата меѓународна заедница. Јасна е и позицијата на претседателот на Република Македонија. Бугарската влада не гледа смисла да биде искористена во внатрешно политичките дебати во Скопје” наведуваат од бугарското МНР.

Од таму соопштуваат и дека клучно за идниот развој на соседната земја е интеграцијата во ЕУ и во НАТО и дека таа не може да биде ставена под знак прашалник.

Инаку претседателот Иванов заедно со неговата сопруга од денеска престојуваат во официјална посета на Бугарија во чии рамки ќе се сретне со неговиот колега Румен Радев.

XS
SM
MD
LG