Достапни линкови

Рускиот опозициски лидер Навални пуштен од затвор


Опозицискиот лидер Навални доби 30 дена затворска казна за кршење на правилата за организирање јавни собири

Рускиот опозициски политичар и антикорупциски активист Алексеј Навални денеска е ослободен од затвор откако отслужи 30 дена за организирање протести против претседателот Владимир Путин.

Дожд ТВ соопшти дека Навални, кого многумина го сметаат за лидер на опозицијата, го напуштил московскиот затвор, прикажувајќи фотографија што Навални ја објавил на својот Твитер профил по ослободувањето.

Московскиот окружен суд на 15 мај го прогласи Навални за виновен за кршење на прописите за организирање јавни собири и го осуди на 30 дена затвор. Судот подоцна го прогласи за виновен и за тоа дека одбил да ги почитува полициските наредби.

XS
SM
MD
LG