Достапни линкови

Ципрас утре со договорот за името пред грчките пратеници


Грчкиот премиер Алексис Ципрас утре ќе го извести грчкиот Парламент за постигнатиот договор со Македонија, но нема прецизни информации кога пратениците ќе расправаат по договорот.

Останува отворено прашањето дали ќе се остварат предвидувањата во медиумите и ќе се потврдат информациите во новинарските кругови, дека опозициската Нова демократија ќе достави предлог за гласање недоверба на владата, јави МИА од Атина.

Во Грција во игра се две сценарија, едното, предлогот да биде доставен денеска, веднаш по завршувањето на расправата и гласањето на новиот нацрт закон што се однесува на среднорочната рамка за финансиската стратегија за периодот 2019-2022 или во петок кога можеби ќе се одржи расправа за договорот.

XS
SM
MD
LG