Достапни линкови

Ахмети: Нема национално обединување на Албанците во една држава


Лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на Собранието Талат Џафери

Лидерот ДУИ Али Ахмети порача дека нема да има национално обединување на Албанците во една држава, туку дека тие треба да ги јакнат државите во кои живеат и заедно да се интегрираат во Европската Унија, јави МИА од Приштина.

Ахмети во емисија на приштинската ТВ Т7 рече дека „нема Албанец кој не ја сака Албанија и кој не сака национално обединување“, но дека работите се многу сменети од 90-тите години на минатиот век.

„Албанците сега треба да тежнеат да се обединат во Европа, со интегрирањето на Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора во Европската унија. Друга алтернатива нема. Ниту за Албанците, ниту за нашите соседи“, рече Ахмети и додаде дека „концептот на поделби е штетен за Албанците“.

XS
SM
MD
LG