Достапни линкови

Забрзано топење на мразот на Антарктикот


Антарктик

Топењето на мразот на Антарктикот алармантно се забрза, предупредија научниците, додавајќи дека таму од 1992 година исчезнале 3 илјади милијарди тони мраз. Количеството вода ослободено од топењето на мразот на Антарктикот, клучен показател за климатеските промени во последните 25 години, е доволно Тексас да биде потопен со бран во висина од 4 метри. Како што се додава целата таа вода довела до глобално зголемување на висината на океаните за 7,6 милиметри.

XS
SM
MD
LG