Достапни линкови

Ахмети: в сабота потпишување на договорот за името


Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, во интервју за приштинската телевизија Т7, најави дека договорот меѓу Атина и Скопје ќе биде потпишан в сабота. „Договорот ќе го потпишат премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во присуство на највисоки претставници на Европската унија“, рече Ахмети, не прецизирајќи каде ќе се случи потпишувањето. Тој додаде дека имало неколку опции за името на државата, но дека „Република Северна Македонија“ е конечната која е договорена меѓу двете влади и која ја прифати и албанскиот фактор во земјата.

XS
SM
MD
LG