Достапни линкови

Почнува Светското првенство во фудбал


илустрација

Во Русија денеска почнува 21 Светско првенство во фудбал. Првиот натпревар е во 17 часот на стадионот Лужники во Москва меѓу репрезентациите на домаќинот Русија и Саудиска Арабија, а половина час претходно почнува свечената церемонија на отворањето на шампионатот. Годинашниот Мундијал ќе се игра во 11 градови и ќе трае до 15 јули кога е закажано финалето во Москва. На Мундијалот во Русија за прв пат во историјата на Светските првенства ќе се користи видео технологијата ВАР. Титулата на првак на светот ја брани Германија.

XS
SM
MD
LG