Достапни линкови

Ципрас не очекува проблеми во парламентот за договорот со Македонија


Грчкиот премиер Алексис Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави синоќа дека не очекува проблеми во парламентот при усвојувањето на договорот со Македонија околу името. Според него, пратениците ќе го ратификуваат договорот со „големо мнозинство“, без оглед што партнерот во владејачката лева коалиција, десноориентираната партија „Независни грци“, планира да го отфрли, бидејќи се противи на какво било користење на името Македонија од северниот сосед. По договорот што го постигнаа премиерите на Грција и на Македонија Алексис Ципрас и Зоран Заев, грчкиот парламент треба да го ратификува откако Македонија ќе го смени Уставот и ќе го официјализира новото име на државата, Северна Македонија.

XS
SM
MD
LG