Достапни линкови

Новиот план на НАТО ќе ја загрози европската безбедност, обвини Москва


Официјална Москва смета дека „новиот план на НАТО за засилување на борбената подготвеност во Европа ќе ја влоши безбедноста на континентот и дека Москва ќе го има на ум тоа во своите воени планови“, објави новинската агенција Интерфакс, а пренесе Ројтерс.

Западни официјални претставници минатата недела објавија дека САД бараат од своите европски сојузници да добијат повеќе баталјони, бродови и авиони во НАТО, подготвени за борба, како нов чекор за зајакнување на одговорот на НАТО на секој руски напад.

Интерфакс го цитираше рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Грушко, кој критикувајќи ја оваа иницијатива на САД, рекол дека Москва ќе ги преземе сите потребни воени мерки за да ја гарантира сопствената безбедност.

XS
SM
MD
LG