Достапни линкови

Норвешка бара дуплирање на силите на САД на границата со Русија


илустрација

Норвешка ќе побара од САД да го удвојат бројот на американските маринци стационирани во таа земја. Ваквиот потег, според оценките на посматрачите, би можело да ги зголеми тензиите со соседна Русија. Околу 330 американски маринци се подготвуваат да ја напуштат Норвешка кон крајот на годинава. Тие пристигнаа таму во јануари минатата година. Тие беа првите странски сили во Норвешка, членка на НАТО, од Втората светска војна. Девет земји од источното крило на НАТО во минатата недела повикаа на зголемено присуство на Алијансата во нивниот регион поради загриженоста од можна руска агресија.

XS
SM
MD
LG