Достапни линкови

Путин ќе присуствува на конгресот на ФИФА во Москва


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на денешниот конгрес на Светската фубалска федерација ФИФА во Москва на кој треба да биде избран домаќинот на Светското првенство во 2026 година. САД, Канада и Мексико имаат заеднички обид да го организираат Светскиот куп. Кандидат е и Мароко. Кремљ соопшти и дека Путин ќе учествува на прославата по повод стартот на Светското фудбалско првенство што вечер ќе се одржи на Црвениот плоштад и оти утре ќе присуствува на првиот меч на првенството меѓу Русија и Саудиска Арабија.

XS
SM
MD
LG