Достапни линкови

ЕУ да отвори преговори со Македонија на јунскиот Самит, побара Флекенштајн


Европратеникот Кнут Флекенштајн

Европратеникот Кнут Флекенштајн ги повика лидерите на ЕУ да отворат преговори со Македонија и Албанија на јунскиот Самит.

„Мора да биде јасно дека треба да делуваме во Македонија, има нов ветер таму, договорот со Бугарија го илустрира тоа, мораме да го поддржиме она што го направија Ципрас и Заев, а направија суштински напори да го решат спорот за името“, изјави Флекенштајн денеска на пленарната седница на Европскиот парламент.

Флекенштајн изјави дека добар напредок во реформите е евидентиран и во Албанија.

XS
SM
MD
LG