Достапни линкови

Бомбашки напади во Авганистан, 19 загинати и над 30 повредени


Талибанците убија најмалку 14 припадници на безбедносните сили во Авганистан во нападот што се случи во текот на ноќта во областа Сајад во северната провинција Сар-е-Пул, објави локален офицер, а пренесе агенцијата Асошиејтед прес.

„Најмалку 25 други лица беа повредени за време на нападот, а четворица од повредените војници беа земени како заложници, изјави Ноор Ага Нури“, член на провинцискиот совет.

Во друг напад, во источната провинција Газни, јавува АП, бомбаш-самоубиец со воено возило хамер уби најмалку пет припадници на авганистанските безбедносни сили. Портпаролот на гувернерот на Газни, Ариф Нури, рече дека во нападот, кој се случил во раните утрински часови, биле повредени најмалку 26 лица, меѓу кои и еден окружен гувернер и 18 полицајци.

XS
SM
MD
LG