Достапни линкови

Продолжуваат рочиштата за Монструм и Тарифа


Судење за преметот „Монструм“ во Кривичниот суд

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Монструм“ и „Тарифа“.

Судењето за случајот „Монструм“ на СЈО, за петкратното убиство кај Смилковско езеро треба да продолжи со репродуцирање на снимка од исказот на обвинетиот Хаки Азири дадена пред јавен обвинител.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи и судењето за случајот „Тарифа“ на СЈО, во кој обвинети се поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица.

XS
SM
MD
LG