Заев и Ципрас разговарале, Србија блокирана, Трамп лут на Трудо, Милиони за сите на Мундијалот...
Настаните на денот низ фотографии - 11 јуни 2018 година.
1МАКЕДОНИЈА - За време на разговорот се дискутираше за преостанатите прашања и беа разгледани неколку идеи за решенија. Во текот на утрешното претпладне ќе следува уште еден телефонски разговор, се вели во соопштението од Владата со кое беше потврден долгонајавуваниот и одложуваниот телефонски разговор на премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас.
2МАКЕДОНИЈА - Платата не е единствената причина за заминувањето на лекарите од Македонија, туку и тоа што лекарите не се вреднуваат според заслуга или според работата, туку по политичка основа или по тоа што се синови или ќерки на професори. Како новата Влада планира да го смени овој систем кој со години функционира во Македонија?, праша специјализантка по медицина на трибина на која присуствуваа и премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.
3МАКЕДОНИЈА - Александар Василевски - Нинџа, еден од осомничените за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, сам се пријавил во судот, го примил решението за притвор, по што бил упатен во истражниот затвор, потврди Кривичниот суд.
4САД - Лари Кадлоу, главниот економски советник на американскиот претседател Доналд Трамп, го обвини канадскиот премиер Џастин Трудо дека им забил нож во грб со изјавата дека Канада нема да дозволи да биде малтретирана од американските такси. Покрај Кадлоу, остра критика за Трудо упати и трговскиот советник на Трамп, Питер Наваро, кој во изјава за Фокс њуз рече: Постои посебно место во пеколот за секој лидер кој лошо се однесува кон претседателот Трамп.