Достапни линкови

Победникот на Мундијалот ќе добие 32 милиони евра награда од ФИФА


Девојка се фотографира со маскотата на Светското фудбалско првенство Русија 2018

ФИФА ќе му исплати околу 32 милиони евра на освојувачот на трофејот во Русија. Вкупниот награден фонд на Светската фудбалска организација, во споредба со оној од СП пред четири години, е зголемен за 40 отсто. Покрај шампионот, парични награди ќе добијат и другите земји учеснички.

Вкупно ќе бидат поделени 668 милиони евра од кои 338 како награда.

Победникот на Мундијалот ќе добие 32.1 милиони евра, второпласираниот 23.6, а третопласираниот 20.7 милиони евра.

Наградата за четврто место е 18.6 милиони евра, за оние што ќе се пласираат од петтото до осмото место 13.5, од девето до 16-то 10.1 и за оние кои Мундијалот ќе го завршат од 17-то до 32-ро место наградата е 6.7 милиони евра.

XS
SM
MD
LG