Достапни линкови

Тевдовски: Програма за економски реформи 2019-2021 како дел од претпристапниот процес во ЕУ


Министерот за финансии Драган Тевдовски

Македонија почнува со подготовка на новата Програма за економски реформи 2019-2021 година чија цел е забрзување на патот кон ЕУ. Ова е втора пограма што ја подготвува државата.

Ова денеска беше посочено на конференцијата „Програма за економски реформи - клучен елемент за фундаменталниот пристап и економското управување во процесот на Европскиот семестар".

„Овој документ е дел од претпристапниот процес на земјата во ЕУ, и е во насока на подобрување на перформансите на македонската економија и нејзина подотовка за европскиот пазар. Содржи конкретни мерки, со буџет за нивно имплементирање и конкретни рокови за нивно спроведување“, рече министерот за финансии Драган Тевдвовски.

XS
SM
MD
LG