Достапни линкови

Германија, Франција и Русија на нова средба за украинската криза


Фотографија од последниот состанок на т.н. „Нормандиски формат“ во Минск, Белорусија

Министрите за надворешни работи на Германија, Франција, Русија и Украина денес ќе се состанат во Берлин за да разговараат за конфликтот во источна Украина.

Се очекува на состанокот, кој е дел од преговарачката кампања наречена "Нормандиски формат", да биде отворено и прашањето за распоредување мировници на ОН во конфликтната зона.

Сите страни ја поддржуваат мировната мисија на ОН во источна Украина, но не се согласуваат околу нејзиниот мандат. Германија и Франција сакаат војниците на ОН да бидат распоредени во сите области контролирани од страна на бунтовниците поддржани од Русија, вклучително и на украинско-руската граница. Русија се противи на оваа идеја.

До сега, над 10.000 луѓе загинаа во борбите меѓу сепаратистите и украински сили во источна Украина од април 2014 година.

XS
SM
MD
LG