Достапни линкови

Пратениците ќе дебатираат за извештајот на ЕК за Македонија


Во Собранието денеска ќе биде разгледан Извештајот на Европската Комисија за Република Македонија за 2018 година.

На дневен ред на денешната собраниска седница се о Предлог одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите Нации „УНИФИЛ“ во Либан, како и измените на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, измените и дополнувањата на Законот за акцизите, измените на Законот за трговија, како и измените и дополнувањата на Законот за работните односи.

На денешната седница ќе биде разгледан и Предлог кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија.

XS
SM
MD
LG