Достапни линкови

Времето денеска нестабилно со пороен дожд


Архива: Улица Македонија за време на дожд.

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат попладне во источните делови, каде локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе се движи од 13 до 20 степени, максималната од 24 до 32 степена, а УВ зрачењето седум.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, со температура од 18 до 29 степени.

XS
SM
MD
LG