Достапни линкови

Монд: Австрија и Данска иницирале мигрантски кампови на Балканот


Лидерите на земјите членки на ЕУ, на Самитот во Софија, разговарале за можноста за отворање мигрантски кампови во државите од балканскиот регион, со што би се спречиле бегалците и мигрантите да влегуваат на територијата на Унијата, објави францускиот весник „Монд“, а пренесоа западните новински агенции.

Идејата, според весникот, потекнува од Данска и Австрија, две земи кои имаат европскептични и антимигрантски влади. На 5 јуни, данскиот премиер Ларс Локе Расмусен најави дека е во разговори со австрискиот колега Себастијан Курц, чија земја на 1 јули го презема претседавањато со Унијата, за создавање нов систем за азил во ЕУ, чија централна точка би било „отворање заеднички центри за прием и протерување“.

Со други зборови, објаснува „Монд“, тоа би биле еден вид кампови каде ќе се задржуваат мигрантите кои немаат право на азил, а не можат брзо да бидат вратени назад.

XS
SM
MD
LG