Достапни линкови

Турција ќе ја укине вонредната состојба по изборите?


Реџеп Тајип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека по предвремените претседателски и парламентарни избори на 24 јуни, Турција би можела да ја укине вонредната состојба, воведена по обидот за преврат во јули 2016 година.

„По изборите ќе го ставиме на маса законот за вонредна состојба и ќе го преразгледаме. Може да се случи нешто како негово укинување“, изјави Ердоган во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен Турк.

Од воведувањето во јули 2016, турскиот Парламент досега седум пати ја продолжуваше вонредната состојба на период од по три месеци.

XS
SM
MD
LG