Достапни линкови

Времето сончево со температура до 36 степени


Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели ќе има ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура се движи од 11 до 19, а дневната ќе биде од 26 до 36 степени.

Во Скопје сончево и топло, попладне со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура достигна до 16, а дневната ќе биде до 34 степени.

Утре ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. В недела ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.

XS
SM
MD
LG