Достапни линкови

И во Атина ќе се протестира „за грчкиот карактер на Македонија“


Фотографија од вчерашниот протест во Пела

По оценките во грчките медиуми дека вчерашните протести во Грција „за зачувување на грчкиот карактер на Македонија“ биле успешни, најавен и уште еден голем митинг во Атина за 8 јули.

Според дел од грчките медиуми, зад се уште официјално ненајавениот протест во грчката метропола, стои организација под името „Комисија за заштита на правата на влашки Грци што живеат во Скопје и заштита на грчкиот карактер на Македонија“.

XS
SM
MD
LG