Достапни линкови

Во случај на расизам судијата ќе може да прекине меч на Светскиот куп


Илустрација

Џани Инфантино, претседателот на Светската фудбалска федерација, соопшти дека ФИФА сериозно ќе ги потисне обидите за манифестации на расизам за време на Светскиот куп во Русија.

„Имаме јасни препораки во случај на манифестации на расизам. Судијата има право привремено да го прекине натпреварот, па дури и да донесе одлука да не се доигра. Благодарение на системот за следење, ќе следат непосредни санкции. Се разбира, ние не сакаме да се случи тоа. За сериозните последици сите се предупредени“, изјави Инфантино.

Мундијалот во Русија ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули.

XS
SM
MD
LG