Достапни линкови

Нема да дозволиме Иран да развие нуклеарно оружје, предупреди Помпео


Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео објави на Твитер дека САД нема да дозволат Иран да развие нуклеарно оружје.

"Ги гледаме извештаите дека Иран планира да го зголеми својот капацитет за збогатување ураниум. Ние нема да дозволиме Иран да развие нуклеарно оружје. Иран е свесен за нашата решеност", напиша Помпео на Твитер.

Изјавата на Помпео следува откако Техеран соопшти дека еден објект за изградба на напредни центрифуги ќе биде завршен за еден месец во иранскиот нуклеарен центар "Натанз", како дел од иранските планови за зголемување на капацитетот за збогатување ураниум.

XS
SM
MD
LG