Достапни линкови

Експлозија во Ирак, десетици загинати и повредени


Најмалку 16 лица загинале, а десетици се повредени во експлозијата што се случи синоќа во магацин за оружје во багдадскиот кварт Садр Сити во Ирак. Армиски извори соопштија дека истрагата за причините за инцидентот е во тек. Според полициски претставник, експлодирала куќа полна со оружје на една вооружена група. Во неа имало тромблонски мини, гранати и други проектили. Очевидци велат дека е направена голема материјална штета и оти неколку куќи во околината се уништени.

Садр Сити е упориште на шиитскиот лидер Муктада ал Садр, некогашен лидер на паравоена формација, а сега застапник на борбата против корупцијата и победник на неодамнешните избори во земјата.

XS
SM
MD
LG