Достапни линкови

Симоновска: Полицајци ги учеа насилниците пред Општина Центар како да користат сирени


Фотографија од протестот пред Општина Центар

Со сослушување сведоци, денеска во новиот Кривичен суд, продолжи судењето за предметот „Насилство во Центар“ на СЈО.

На прашања на обвинителката Фатиме Фетаи одговараше Цветaнка Симоновска, советничка на СДСМ во општина Центар.

Симоновска кажа дека за време на седница на Советот толпа луѓе извикувале погрдни зборови со закани кон советниците на СДСМ, а, како што рече „кога и да прозборел претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ, советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова ѕвонела на мобилен телефон“.

Според Симоновска, за време на седницата толпата ги скршила прозорците при што била повредена една советничка, а дека „за употреба на сирените со кои не знаеле да ракуваат, на демонстрантите им помогнале некои од полицајците што биле таму“, објави МИА.

XS
SM
MD
LG