Достапни линкови

Бежоска: Не се очекуваат инфлаторни промени со растот на цената на нафтата


Анита Ангеловска - Бежоска, гувернерка на НБРМ

Гувернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска - Бежоска, изјави дека не се очекува растот на цената на нафтата на светските берзи да предизвика инфлаторни промени.

„За нас како Централна банка растот на цената на нафтата е очекуван. Во фазата на макроекономските проекции ние ги следиме сите тековни движења, очекувањата на аналитичарите, така што цената не е за изненадување, уште повеќе што по неколку години пад на цената на нафтата минатата година покажа нагорен тренд“, рече Ангеловска - Бежоска, одговорајќи на новинарски прашања во Охрид, каде се одржува 11. Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура „Време е за дигитализација“.

XS
SM
MD
LG