Достапни линкови

Бројот на жртви од вулканот Фуего расте, 75 мртви и над 190 исчезнати


Над 192 исчезнати и најмалку 75 мртви е новиот биланс на жртвите од ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала што почнаа во неделата, јавуваат западните агенции, повикувајќи се на локални медиуми.

Спасувачите вчера морале да прекинат со спасувачката мисија, бидејќи, како што соопштиле надлежните институции, имало нова ерупција на вулканот, при што биле исфрлени жежок гас и растопени камења.

Повеќе од 1,7 милиони луѓе се засегнати од вулканската ерупција, а до сега се евакуирани околу 3.000 луѓе од локалното население.

XS
SM
MD
LG