Достапни линкови

Пожар околу Чернобил, нема зголемена радијација


Украинските власти информираа дека околу поранешната централа Чернобил вчера избувнал пожар, но нивото на радијација не ги надминал границите на безбедните нивоа, објавија новинските агенции АФП и ТАСС.

"Нивото на радијација не се зголемило ниту во зоната на исклучување ниту во соседните области", соопштија надлежните институции.

Премиерот Володимир Хројсман на Фејсбук напиша: "Нивоата на радијација се безбедни. Во Киев и во самиот Чернобил, вклучувајќи го и местото каде е централата, се значително под дозволените граници, така што нема потреба да се грижите".

XS
SM
MD
LG