Достапни линкови

„Фејсбук“ потврди дека споделувал кориснички податоци со кинески компании


Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека споделувал податоци со најмалку четири кинески компании, вклучувајќи го и третиот најголем производител на паметни телефони во светот, кој е под надзор на разузнавачките агенции на САД поради безбедносни причини, објави Ројтерс.

Меѓу компаниите кои од „Фејсбук“ добиле пристап до информациите на дел од корисниците на најголемата социјална мрежа во светот се и гигантите „Хуавеј“ и „Леново“.

Членовите на американскиот Конгрес изразија загриженост откако "Њујорк тајмс" во неделата ја објави веста „дека до податоците на пријателите на корисниците на мрежата може да се пристапи без нивна согласност“.

„Фејсбук“ го негираше тоа.

XS
SM
MD
LG