Достапни линкови

Новата италијанска влада бара укинување на санкциите спрема Русија


Џузепе Конте

Новиот италијански популистички премиер Џузепе Конте изјави дека врвни приоритети на неговата влада ќе бидат стопирање на илегалната имиграција и јакнење на врските со Русија.

Ние ќе бидеме застапници на отворање кон Русија, вклучувајќи и укинување на санкциите на ЕУ спрема Москва, кои го повредуваат "граѓанското општество", рече Конте во обраќањето пред сенаторите, откако горниот дом на парламентот вчера гласаше за поддршка на новата популистичка коалициска влада со 171 спрема 117 гласови.

Се очекува денеска и долниот дом да ја одобри новата влада.

XS
SM
MD
LG