Достапни линкови

Трамп смета дека има право да се помилува себеси


Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека има право да се помилува себеси, иако нема причини за такво нешто, бидејќи не направил ништо погрешно. Ова тој го наведува на Твитер, додавајќи дека нема крај на „ловот на вештерки“, како што ја нарекува истрагата за руското мешање во изборите од 2016 година. Трамп истакнува дека наименувањето на специјалниот истражител Роберт Мулер да ја води истрагата за руското мешање е целосно неуставно.

Тој денеска имаше серија твитови во кои се пофали за успесите во првите 500 денови од неговиот претседателски мандат. Ова е мојот 500-ти ден на оваа позиција и постигнавме многу, многумина веруваат многу повеќе од кој било претседател во првите 500 денови, нагласи Трамп.

XS
SM
MD
LG