Достапни линкови

Ѓукановиќ: не се вртиме кон Русија, тоа се шпекулации


Мило Ѓукановиќ

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, за време на првата официјална посета на седиштето на НАТО во Брисел по неговиот реизбор, изјави дека позицијата на Подгорица спрема Русија е јасна и недвосмислена. Нема вртење кон Русија, тоа е тенденциозна шпекулација во однос на државната политика, изјави Ѓукановиќ на пресот со генералниот секретар на НАТО. Загрозувањето на интегритетот на Украина и други постапки, како што видовме во Црна Гора за време на изборниот процес во 2016 година, се неприфатливи и треба да се осудат. Му припаѓаме на европскиот систем на вредности и ќе го браниме тој систем, изјави црногорскиот претседател.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, порача дека дијалогот е особено важен во критичните мигови. Русија е тука и ние не целиме кон нејзина изолација. Сакаме подобри односи со Русија, важно е да имаме дијалог и кога има недоразбирања или инциденти да се осигураме дека нема да излезат од контрола, изјави Столтенберг одговарајќи на новинарско прашање.

XS
SM
MD
LG