Достапни линкови

Основана парламентарна група за правата на Ромите


зградата на Собранието на РМ

Во Собранието на Република Македонија денеска беше промовирана Интерпартиска парламентарна група за правата на Ромите во земјава, во која членуваат пратеници од различни политички партии.

Претседателот на Собранието Талат Џафери истакна дека овие групи за поддршка се доказ дека пратениците созреваат и се издигнуваат над партиските интереси, без разлика на политичката провиниенција од која доаѓаат.

Пратеникот Самка Ибраимовски истакна дека Ромите остануваат најранлива и најчуствителна заедница со се уште големи проблеми и нерешени прашања во делот на домувањето, здравството, вработувањето.

Министерот без ресор за имплементација на Стратегијата за Ромите Аксел Ахмедовски истакна дека нарушувањата на човековите права најмногу се забележани кај ромската заедница, како најмаргинализирана група која е најподложна на дискриминација по сите основи.

Покрај пратениците, на основањето на групата присуствуваа и претставници на невладиниот сектор, кои, како што забележаа организаторите на настанот, беа во мал број.

XS
SM
MD
LG