Достапни линкови

Косовскиот парламент ја одложи расправата за преговорите со Србија


косовскиот парламент

Косовското Собрание денеска ја одложи расправата за владината платформа која меѓу другото, предвидува претседателот Хашим Тачи да биде главен преговарач во завршната фаза од дијалогот со Белград, на што се спротивставува опозицијата.

Демократскиот сојуз на Косово претходно соошшти дека нема да ја поддржи платформата во Парламентот, бидејќи според нив тоа е лошо подготвен и неуставен документ. Тие нагласуваат дека се за сериозен консензуален дијалог во рамки на Уставот на Косово.

Косовската Влада ја усвои платформата за дијалог со Белград и таа треба да биде потврдена во парламентот.

XS
SM
MD
LG