Достапни линкови

Времето на тефтерчиња помина, ѝ одговори Дескоска на Јанкулоска


Времето на тефтерчиња и судии од тефтерчиња заврши. Мојата заложба ќе биде судството да го направиме независно и немам намера да се мешам, изјави денеска по преземањето на функцијата министерка за правда Рената Дескоска, прашана за писмото од поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, во кое се обраќа за повреда на нејзините права во судењето за предмет на СЈО.

„Сакам да порачам не само на госпоѓата Јанкуловска, туку и на сите кои што имаат постапки пред судовите, дали во улога на обвинети или странки во други постапки, дека времето на тефтерчиња и судии од тефтерчиња заврши. Мојата заложба ќе биде судството да го направиме независно и немам намера да се мешам, ниту во диктирање на водење на постапки во судовите, ниту пак какви судски одлуки ќе носат судиите“, рече Дескоска.

XS
SM
MD
LG