Достапни линкови

Царовска: Гордана Јанкулоска ќе биде третирана по закон како и сите граѓани


Гордана Јанкуловска нема причина воопшто да се вознемирува затоа што таа, како и сите граѓани, ќе биде третирана по закон, одговори министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на писмото на поранешната министерка за внатрешни работи во кое се обраќа до неа и до новата министерка за правда Рената Дескоска за „повреда на нејзините права во судењето за предмет на СЈО во кој таа е една од обвинетите“.

Царовска додаде дека доколку има некаков проблем кој е од ресорот со кој таа раководи би помогнала без никаков проблем, но, рече, „такво нешто засега нема“.

„Во однос на она што го поставува во писмото, а се однесува на судските пракси одлуки и процедури, тоа не е во моја надлежност“, рече Царовска.

XS
SM
MD
LG